Ванг: Посетата на Пелоси на Тајван е „неодговорен и крајно ирационален“ потег

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја нарече посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД „маничен, неодговорен и крајно ирационален“ потег, објави државната телевизија СиСиТиВи (CCTV).

Ванг на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Пном Пен, Камбоџа, рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја спречи кризата, но никогаш нема да дозволи да бидат повредени нејзините суштински интереси.

– Сегашните и идните мерки на Кина се неопходни и навремени одбранбени контра мерки, внимателно разгледани и оценети, насочени кон зачувување на националниот суверенитет и безбедност, во согласност со меѓународното и домашното право, рече Ванг.

Бродови на кинеската морнарица и воени авиони на кратко утрово ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, изјави тајвански извор запознаен со ова прашање.

„Околу 10 бродови на кинеската морнарица ја преминаа централната линија и останаа во областа од средата навечер до четвртокот, а повеќе кинески воени авиони на кратко ја преминаа централната линија во четвртокот наутро, рече официјалниот претставник.

„Тајван распореди ракетни системи за следење на активностите на кинеското воздухопловство во близина на централната линија, а бродовите на тајванската морнарица останаа блиску до централната линија за да ја следат кинеската поморска активност“, рече претставникот.

Back to top button
Close