Ванг предупреди на „импулсивните“ апели на САД за дистанцирање од Кина

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји на денешната Минхенската безбедносна конференција предупреди на „импулсивните“ повици од страна на САД за дистанцирање од Кина.
Според него најдобар исход за двете земји би била соработката и го повика Вашингтон да води „позитивна и прагматична“ политика.
– Другата опција е да се обидат да се дистанцира од Кина и да ги наруши синџирите на снабдување, како и да се спротивстави на Кина по сите прашања на чисто емотивен, импулсивен начин – посочи Ванг.
Тој за време на средбите со германскиот и францускиот колега на маргините на Конференцијата наведе дека развојот на Кина претставува можност за Европа и оти предизвиците со кои се соочува Европа не доаѓаат од Пекинг.
– Кина и Европската Унија треба правилно да управуваат со разликите и конфликтите, да ја продлабочат практичната соработка и да работат заедно за справување со глобалните предизвици – потенцира Ванг.






