Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига

Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување.
Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре.
Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека во Б група се Охрид и Вардар.






