Вашингтон повика на итно ослободување на Алексеј Навални

epa08946490 Russian opposition leader and anti-corruption activist Alexei Navalny (C) is escorted out of a police station in Khimki outside Moscow, Russia 18 January 2021. A Moscow judge on 18 January ruled that Navalny remains in custody for 30 days after his airport arrest on 17 January 2020 after his arrival from Germany. EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY
САД се длабоко загрижени поради растечкото самоволие што руската влада го презема во однос на правата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, се вели во изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс објавена вчера на веб-страницата на Стејт департментот.

Властите ја попречуваат подготовката на одбраната на Навални и не му дозволуваат слободно да комуницира со своите адвокати. Опструкцијата се состои од следење на состаноците и одложување на размената на документи меѓу Навални и неговите адвокати, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Ова мешање, заедно со неговите повторени притвори за наводни прекршоци што ги направил, е уште еден доказ дека ова е политички мотивирано вознемирување, се вели во соопштението.

– Апсењето на Навални по неговото враќање во Русија само по себе беше срамно, но последователното малтретирање на кое беше подложен само ја покажува несигурноста на руската влада и стравот што таа го има од луѓето што ја зборуваат вистината, нагласи Прајс.

– Уште еднаш се придружуваме на повиците на семејството на Навални, колегите и поддржувачите во светот за негово итно ослободување, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Back to top button
Close