Ватикан сака да биде домаќин на преговорите помеѓу Русија и Украина

Шефот на надворешнополитичкото одделение на Католичката црква, Пол Ричард Галахер изјави дека Ватикан се понудил да организира преговори помеѓу Украина и Русија.

Галахер посочи дека Ватикан и папата уште од почетокот на судирот е отворен за преговори, но оти „сè уште не добил конкретен одговор“.

Тој додаде дека понудата да организира преговори помеѓу Киев и Москва останува отворена.

Back to top button
Close