Вчера санкционирани 549 возачи само во Скопје

СВР Скопје велат дека согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на нивното подрачје, вчера (08.02.2025) спровеле зајакната акциска контрола во сообраќајот, при што санкционирале вкупно 549 возачи.

Од нив 187 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.

Back to top button
Close