Вечерва кај Сити мол 19 годишно момче прегазил девојка -пешак која е хоспитализирана во „8 Септември “

t

Кај „Сити мол“, денеска околу 18.40 часот автомобил прегазил девојче, но за среќа, без фатални последици.

Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Булеварот „Партизански одреди“ е еден од најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важи за црна точка.

Полиција е на терен и врши увид/

фото инфомах мк

Back to top button
Close