Велешанка измамена со смс порака за наводно сторен сообраќаен прекршок

Во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари.

Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.

Како што информираат денеска од СВР Велес, во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.

Од СВР Велес, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Воедно апелираат до граѓаните да бидат внимателни при добивање на вакви и слични сомнителни пораки и да не ги плаќаат туку веднаш да пријават во полиција

Back to top button
Close