Велика Британија соопшти дека обучила 50.000 војници од Украина
Од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година досега, Велика Британија обучила околу 50.000 војници од Украина. Тоа го соопшти британскиот министер за одбрана Џон Хили пред Парламентот во Лондон, јави ДПА.
Министерот рече дека програмата за обука на украински регрути со мало или без воено искуство ќе продолжи следната година.