Велосипедист настрада утрово во населбата Аеродром.Возило „форд“ удрило во него

Сообраќајна несреќа во која едно лице настрадало утрово се случила на булеварот Трета Македонска Бригада во населбата Аеродром во Скопје, во близина на „Американ колеџ“.

Според неофицијални информации, станува збор за велосипедист кој бил удрен од возило.

На местото може да се забележи екипа на Итната помош, но засега нема информации за состојбата на велосипедистот.

Поради несреќа, во овој дел на градот создаден е сообраќаен метеж, односно има долга колона на возила кои подолго време чекаат.

Инаку, станува збор за раскрсница на која нема семафори поради што возилата многу тешко се вклучуваат на главната сообраќајница.

Од МВР за „360 степени“ првично велат дека околу 8 часот било пријавено дека возило марка „форд“ удрило во велосипедист и дека полициски екипи се упатени на терен.

Back to top button
Close