Веро, Тинекс, Кам, Стокомак… ќе добијат кривични оти не ја почитувале одлуката за замрзнувањето на цените
Вчера се одземени над 15 тони овошје и зеленчук и акциите ќе продолжат. Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар, има казни за увозници на овошје и зеленчук, а секако и за компаниите кои се занимаваат со малопродажба, како што се Веро, Тинекс, Стокомак, Кипер, КАМ и Миса. Акциите ќе продолжат секојдневно до завршување на одлуката, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши после вчерашната акција на Кванташкиот пазар, што вчера ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција, Агенцијата за управување со одземен имот и МВР
Според директорот на ДПИ, Горан Трајковски, ова е само почеток и ќе продолжат контролите на сите локации низ земјава.
-Затекнати се трговци кои не водат евиденција за трговија. Стоките се донирани и се распределени каде што е најопходно. Јас како директор апелирам до сите економски субјекти, да си ги остварат платните налози, рече Трајковски на заедничката прес-конференција.
Ланците маркети веќе добиле парична казна, а кривична пријава ќе добијат неколку од нив кои ја прекршувале одлуката и продавале по повисоки цени од утврдените.