Верстапен ја освои пол-позиција во Бразил

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на квалификациите за Големата награда на Бразил. Актуелниот шампион во Формула 1 покажа време од 1 минута и 10,727 секунди.

Шарл Леклер од Ферари заврши како втор со 0,294 секунди заостанување зад лидерот. Третото место му припадна на Ленс Строл од Астон Мартин – 0,617 секунди.

Од 4 – 10. место се пласираа: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Карлос Сајнц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Трката за Големата награда на Бразил ќе се вози утре со почеток во 18 часот по македонско време.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close