Веспрем по петти пат го освои трофејот во СЕХА

Ракометарите на Веспрем се победници на завршниот „Ф4“ турнир во Задар кој се играше од петок до вечерва.

Унгарскиот тим во финалето го победи ППД Загреб со 32:30 иако на полувремето губеше со 13:19.

Ова е вкупно петти трофеј за Веспрем во регионалната СЕХА-лига по што се израмни со Вардар по бројот на титулите.

Загреб остана на само еден трофеј во 11 изданија на регионалното натпреварување.

Претходно, во мечот за третото место, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27:23. з

Back to top button
Close