ВИ ќе бара мини во Ормуската Теснина за американската морнарица

Врз основа на договорот со компанија за вештачка интелигенција (ВИ), американската морнарица ќе користи ВИ софтвер за пронаоѓање на ирански мини во Ормуската Теснина, кои се поставени од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.
Компанијата за вештачка интелигенција „Domino data lab“ од Сан Франциско ја доби задачата да го забрза процесот на чистење на мините во Ормуската Теснина со помош на софтвер кој може да ги научи подводните дронови да идентификуваат нови видови мини за неколку дена.
– Барањето мини некогаш беше работа за бродови. Тоа станува работа за вештачка интелигенција. Морнарицата плаќа за платформа која ѝ овозможува да ја обучува, да управува и да ја користи таа вештачка интелигенција со брзина потребна за спорните води кои ја блокираат глобалната трговија и ги загрозуваат морнарите – рече главниот оперативен директор на Domino, Томас Робинсон.
Американската морнарица минатата недела додели договор вреден до 99,7 милиони долари со цел да ја прошири улогата на Domino како столб на вештачката интелигенција во рамките на Проектот AMMO „Забрзано машинско учење за поморски операции“, програма со чија помош подводното откривање на мини е побрзо, попрецизно и помалку зависно од морнарите.






