ВИДЕО: 75-минутен молк пред македонската амбасада во Белград, граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Кочани и Нови Сад

Студенти и граѓани денеска пред македонската амбасада во Белград, оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и загинатите на железничката станица во Нови Сад, со 75 минутен молк.

 

Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи, а им се приклучи и македонскиот амбасадор во Србија.

Улицата пред амбасадата, како што пишуваат српските медиуми, беше блокирана.

Студентите на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград синоќа преку својот Инстаграм профил ги повикаа граѓаните да им се придружат во 15-минутно молчење, при што ќе додадат минута за секоја жртва од Кочани

Back to top button
Close