(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Пејачот Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, поради што неговиот концерт, кој требало да се одржи вечерва, е одложен за утре.

 

Лукас лично им се обрати на своите обожаватели преку видеопорака и објасни дека поради несреќата не може навреме да пристигне во Битола.

Драги мои, едно големо извинување ѝ должам на публиката во Битола. Имав сообраќајна несреќа“, рече пејачот, покажувајќи ги последиците од незгодата.

Видео на следниот линк

Тој потврди дека концертот ќе се одржи утре навечер, а билетите што веќе се купени ќе останат важечки.

Лукас најави дека веднаш штом ќе ја среди ситуацијата по несреќата ќе продолжи кон Битола. Неговиот бенд веќе е во градот, а сцената и целата организација се подготвени за настапот.

Пејачот им се извини на обожавателите поради одложувањето и вети дека утрешниот концерт ќе биде уште подолг и подобар.

 

Back to top button
Close