(ВИДЕО) Алигатор два пати касна нуркач во Флорида

Поминале три години од бруталниот напад врз Џеф Хејм, чија специјалност била пронаоѓање на мегалодонски заби (џиновски праисториски ајкули).

На социјалните мрежи се уште кружи видео, снимено од GoPro камера, на која се гледа како алигатор каса маж за главата.

Станува збор за Џеф Хејм, чија специјалност е пронаоѓање на мегалодонски заби (џиновски праисториски ајкули).

Хејм верува дека животот му го спасила животот дека GoPro камерата што ја носел на главата.

„Ме касна двапати, а да не беше камерата, веројатно ќе ми ја расцепеше главата” изјавил за Дејли меил.

Настанот се случил во реката Мијака на Флорида, додека Хејм барал мегалодонски заби.

„Ги почувствував двете каснувања, но брзо се смирив, бидејќи знам како се однесуваат предаторите. Не треба да мавташ со рацете и да бидеш плен“, рекол младиот човек.

„Не сфатив какви се повредите додека не стигнав во ресторанот и не повикав брза помош. Добив 34 конци во болница“, рече Хајм, додека фотографиите откриваат колку имал среќа.

Службата за диви животни го фатила алигаторот по инцидентот, а бил долг два метри. Хајм, сепак, инсистирал да не го убијат.

Back to top button
Close