(ВИДЕО) Јанакиески спроведен на суд

Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени, бидејќи обвинетиот Јанакиевски, го скршил коленото.

Вo предметот, кој се однесува на продажбата на државно градежно земјиште во Сопиште за изградба на населбата Сончев град, Јанакиески тврди дека работел законски и не влијаел во работата на комисијата за јавно наддавање при продажбата на земјиштето. Петтемина членови на таа комисија, исто така, седат на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во обвинението кое своевремено го подигна Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се тврди дека Јанакиески од првичната комисија за јавни наддавања добил записник дека не се исполнети условите за објава на јавното наддавање, но тоа го игнорирал, составил нова комисија од сега обвинетите и побарал сепак да ја објават постапката за наддавање. Членовите на новофирмираната комисија, тврди обвинителството, иако знаеле дека не се целосно обезбедени податоците за градежното земјиште, го реализирале тоа. Потоа бил потпишан и договор со трговско друштво кое го купило земјиштето, но тој договор според обвинителството, не можел да се реализира поради проблеми со катастарските парцели. Од тие причини договорот за купопродажба на земјиштето бил раскинат со судска спогодба, а Министерството ги вратило парите и платило затезна камата од над 64 милиони денари со што е нанесена штета на Буџетот

видео: а1он.мк

 

Back to top button
Close