ВИДЕО| Андоновиќ: По најавата за раздружување од БиХ, Додик ја блокира и намерата за воведување санкции кон Русија
Република Српска нема да дозволи воведување санкции против Руската Федерација на ниво на Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој од 5 до 8 јуни ќе присуствува на економскиот форум во Санкт Петерсбург.
По тој повод тој се надева дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„На ниво на државата Босна и Херцеговина нема одлука за воведување санкции, односно официјално не се воведени санкции против Русија. Најдобра потврда за тоа е мојата неодамнешна средба со високи европски претставници, кои ме прашаа кога ќе воведеме санкции за Русија, изјави Додик.
Според неговите зборови, весникот Запад бара од Република Српска во Босна и Херцеговина да ги поддржи санкциите против Русија.
„Не можам да им бидам благодарен на Американците кои не сакаат ни да слушнат што мислиме, туку се обидуваат да одлучат. Тоа е суштината на проблемот, тие не разговараат со нас, туку одлучуваат за нас. изјави Додик.
Претседателот на Република Српска се надева дека ќе се сретне со Путин и Лавров на маргините на „Меѓународниот економски форум“, што ќе се одржи од 5 до 8 јуни во Санкт Петербург.
Главната тема на настанот е „Основата на мултиполаритетот – формирање на нови центри за раст“ и ги открива точките на вложување на заедничките напори на државите, бизнисите и општеството со цел да се создадат услови за одржлив развој на земјата притоа земајќи ги предвид предвид националните приоритети.
Инаку најавата на Додик доаѓа на само два дена откако тој јавно ја повтори својата намера и желба да го отцепи српскиот ентитет од босанско херцеговската федерација.
Тој потенцираше дека со изгласаната резолуција за Сребреница е капката што ја прелила чашата на трпението на Србите во Боснка и Херцеговина:
Мислам дека сме на врвот на кризата наречена Босна и Херцеговина, изјави денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик, нагласувајќи дека со резолуцијата за Сребреница и ред други работи што се случуваат, имало „предлог за мирно раздружување“, изјави Додик.
Тој ја обвини федералната власт во Сараево дека директно ја разбива унитарноста на Босна и Херцеговина
– Политички, Сараево оди кон наметнување на централизација на унитарна Босна и Херцеговина. Тие ги прекршуваат сите можни елементи на Уставот на Босна и Херцеговина. Единствено значајно е да се даде предлог. Нашиот предлог е трајно разделување. Предлогот официјално го испраќаме до Сараево и ќе им дадеме малку време да се произнесат, изјави Додик.
Како дополнителна тензија доаѓа и идејата на властите на српскиот ентитет во Бања Лука да го сменат името на Сребреница, која претставува своевиден префикс за геноцид.
Додик изјави дека идејата за промена на името на градот е иницирана во Сребреница, а доколку општинското собрание донесе одлука за промена на името, РС ќе донесе закон и ќе го прогласи за валиден.
„На луѓето што живеат таму им е доста од етикетите поврзани со тој топоним. Верувам дека луѓето имаат право да се изразат за тоа. Според процедурата утврдена со закон, доколку Собранието на општина Сребреница донесе одлука за промена на тоа име на нешто друго, тогаш Република Српска ќе го донесе законот и ќе го прогласи за валиден, немам што да правам, без разлика дали тоа им се допаѓа на Бошњаците“, изјави Додик а пренесува Кликс.
Додик рече дека Србите не можат да се помират со фактот што српските општини како Дрвар, Грахово, Гламоч и Петровац останале во Федерацијата на Босна и Херцеговина, но дека РС ќе ги почитува границите и нема да ги премине ниту политички ниту во која било друга смисла. Тој додаде дека границата на Дрина со Република Србија постои само како административна, пренесува Кликс.