Видео: Андоновиќ: Русија од агресор и самата станува жртва на агресија – Москва сака мир, но преговори нема

Аеродромот во Курск, на руска територија беше нападнат од украински дрон, по што се запали резервоар со нафта. Руското Министерство за одбрана вчера објави дека Украина се обидела да изврши напад врз воените аеродроми во регионите Саратов и Рјазан во Русија, со помош на дронови од советско производство.

Како што се наведува, руската авијација со помош на противвоздушна одбрана соборила украински беспилотни летала кои летале на мала височина.

Во нападот загинаа тројца членови на воено-техничкиот персонал, а четворица се повредени.

После тоа, Русија изврши масовен напад врз воениот команден систем на Украина и објави дека е спречен трансферот на украински војници и оружје во борбената зона.

Ова не е прв пат украинската армија да стрела врз цели на територија на Русија. Колку што трае војната украинците на неколкупати стрелаа и погодија магацини со нафта и оружје кои биле логистика за руските трупи кои војуваат во Украина. Во минатото во неколку наврати беа стрелани цели и врз анектираниот полуостров Крим каде беше погоден тамошниот мост, како и воени цели во руските пристанипта, каде настрада командниот брод Москва, еден од гордоста на руската црноморска флота.

Ако се земе во предвид дека војна беснее и на регионите кои Русија ги анкетираше од Украина и ги прогласи за своја територија , сѐ повеќе се наметнува и впечатокот дека во мометнов агресорот Русија е жртва на агресија од страна на Украина.

Во контекст на ова тврдење доаѓа и изјавта на портпаролот на руското МНР, Марија Захарова која на повиците да се повлечат руските трупи од нуклеарната централа Запорожје порача дека оваа централа се наоѓа во Русија и затоа нема зошто војнците да се повлечат.

Целата оваа состојба, наместо да ги смирува, дополнително ги зголемува тензиите меѓу завојуваните страни.

Русија се согласува со изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Украина, односно дека резултатот од решавањето на ситуацијата треба да биде праведен и траен мир, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Но, што се однесува до изгледите за некакви преговори, во моментов не ги гледаме“, изјави Песков.

Претходно, американскиот државен секретар Блинкен изјави дека САД сакаат мировните преговори за Украина да донесат праведен и траен мир.

Дополнителни збунувачки сигнали за и околу војната доаѓаат и од најновите потези на одредени актери во конфликтот. Белорусија по наредба на претседателот Александар Лукашенко нареди зголемена борбена готовност на белоруската армија. Подолго време се шпекулира дека армијата на Белорусија заедно со руската војска стационирана во оваа поранешна советска република би можела да изврши упад во Украина и да го форсира правецот кон Киев.

Паралелно со ова Русија на другата страна на своите граници, на далечниот исток распореди мобилни одбранбени ракетни системи во северниот дел на Курилски Острови, лоцирани помеѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка.

Јапонија поседува право над јужните Курилски Острови, кои се под контрола на Русија, кои Токио ги нарекува Северни територии. Москва и Токио спорат за Курилски Острови уште од крајот на Втора светка војна, кога советските трупи ги окупираа и ја протераа Јапонската армија од островите.

Рускиот ракетен систем Бастион, со дострел до 500 километри, е распореден на островот Парамушир во северниот дел на Курилски Острови.

Овој потег на Русија се случува во време на тензиите на Пацификот помеѓу Кина која сака да го анектира тајванскиот остров, а на што се противат САД и нејзините пацифички сојузници меѓу кои е и Јапонија.

Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски Острови откако Токио воведе санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.

Back to top button
Close