(ВИДЕО) Јануш Бугајски: Русија ја користи Бугарија за да го дестабилизира Балканот

Според него, споровите за историја и идентитет на Бугарија со Северна Македонија сe од дирекна корист на Русија

Белград треба да го признае Косово, да го елиминира таканаречениот „хуманитарен центар“ во Ниш, кој всушност е шпионски центар недалеку од бугарската граница. Треба да ги исчистат и своите медиуми, да дозволат слободни медиуми , а не само доминирани од Русија, вели Бугајски

Русија ја користи Бугарија за да го дестабилизира Западен Балкан, смета професорот Јануш Бугајски – виш истражувач во Фондацијата Џејмстаун – Вашингтон, во предавањето „Visible and Invisible: Counter propaganda“ со водителот Светослав Нахум.

Тој вели дека споровите за историја и идентитет на Бугарија со Северна Македонија сe од дирекна корист на Русија.

„Да резимираме, Бугарија треба да стане целосно независна од Русија, не само економски и енергетски, но и политички, да ги избира своите сојузи и да ги заштитува своите национални интереси“вели Бугајски, пренесува tatkovina.info.

Според него, обидот за дестабилизација на Блаканот се одвива преку српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

„Преку овие два основни актера во регионот, Кремљ се обидува да му помогне на Белград да создаде голема Србија – проект сличен на оној на Милошевиќ, но не со директна војна, туку со субверзивна дејност, хибридни закани, дезинформација, корупција, дестабилизација на етничките односи“,вели Бугајски.

Тој оценува дека Русија има намера да го искористи Балканот за да го одвлече вниманието на САД и НАТО од помошта на Украина.

„Вашингтон и Брисел го пренебрегнаа руското навлегување во регионот, ја пренебрегнаа корупцијата, енергетската зависност од Русија на Србија и Босна и Херцеговина. Бугарија ги има истите проблеми. Затоа настојуваме бугарската влада да стане помлаку зависна од Русија, бидејќи енергетските пипала на Русија се и политички пипала, со кои таа ги контролира овие земји. За нас е исклучително важно да имаме политика која ќе се спротивставува на руската офанзива на Балканот во секоја од овие области, вклучително и користењето на Руската православна црква како фактор за нестабилност на регионот. Белград треба да го признае Косово, да го елиминира таканаречениот „хуманитарен центар“ во Ниш, кој всушност е шпионски центар недалеку од бугарската граница. Треба да ги исчистат и своите медиуми, да дозволат слободни медиуми , а не само такви доминирани од Русија. Има многу работа за вршење во регионот, но не мислам дека САД и ЕУ се уште се доволни фокусирани на тоа“вели Бугајски.

Прашалници за „хибридната улога“ во регионот на Руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш

Русите имплементираа свои марионети на Западот. Западот отсекогаш имал свои корисни идиоти кои во минатото го поддржувале комунизмот, а сега го поддржуваат рускиот империјализам, рече проф. Бугаиски како одговор на прашањето дали руската опозиција е навистина демократска.

Back to top button
Close