(ВИДЕО) Архитектите и проектантот контра Арсовска за Универзална – проектот е безбеден

Мора да се надминат многу разлики, и да се продолжи со реконструкција на проектот кој не е во функција веќе седум години, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. По тврдењата кои излегоа во јавноста дека проектот ќе предизвика небезбеден објект, одлучив да ги повикам собранието на Асоцијација на Архитекти, Асоцијација на Архитекти и проектантското биро кое го изработи проектот, како најмеродавни институции кои пред презентацијата и одобрувањето на проектот морале да ги запазат сите критериуми за градба, рече Костадиновска.

Вие сте тука дојдени да се карате, ако е така да ја прекинеме прес конференцијата, рече претседателката на собранието на Асоција на Архитекти Искра Јанковска Михајловска.

– Се повеќе политичарите ја користат архитектската фела за да добијат политички поени, а таков е Вашиот случај кога велите дека објектот е небезбеден. Ние како архитекти се соочуваме со измени во градба, посебно ако станува збор за вака тежок објект. Објектот не е завршен, а кога ќе биде завршен ќе биде безбеден –  рече Јанковска  -Михајловска и реагираше дека Арсовска не ја остава да се искаже и ги омаловажува архитектите.

„Ве молам дозволете ми да се докажам. Реакцијата не беше наменета против вас. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Вие сте дојдени да се карате со мене. Ве замолуваме кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден, да кажете која институција потпишала и кој го кажал – додаде таа.

Навреден од Арсовска која кажа дека Универзална ќе им се урне на скопјани врз глава, Мишко Ралев, претседател на Асоцијација на архитекти, исто така реагираше.

„Градењето е племенита активност која треба да ги спојува луѓето, а спојниот материјал се архитектите. Затоа секоја намера, активност на градење, треба да биде поздравена и да биде со ‘амин’ на сите. Затоа како Асоцијација ние секогаш сме биле критични кон одредени постапки. Бараме струката да не биде омаловажуванa“, рече Мишко Ралев, претседател на Асоцијација на архитекти.

Градоначалничката Арсовска реагираше по двете изјави. Таа обвини за политизација, па остана на истиот став, дека Универзална не е безбеден објект.

„Вие политизирате. Сакам да нагласам сето ова во претходниве пет минути што беше прочитано, можете и самите да го земете со резерва, бидејќи Ралев е член од Извршниот одбор на СДСМ. Иницијалната каписла за се ова беше дека е стопирана изградба на Универзалната сала, а можеа да дојдат на состанок и да се разговара. Не се направиле анализи, не се видело дека треба дополнителни столбови, не се увидело дека е небезбедно. Ова е избрзано решение, без анализи, со цел да се покаже пред избори дека се прави нешто. На лице место нема соодветни анализи“, рече Арсовска.

Во дискусијата се вклучи и архитектот Бујар Муча, кој проектот му го подари на Град Скопје.

-Точно е дека проектот претрпе мали промени, но тоа не е невообичаено. Јас гарантирам дека овој објект ќе биде безбеден кога ќе се пушти во употреба. Изјавата на градоначалничката направи голема штета за моето мало проектантско биро од кое земаат плата луѓе кои чуваат деца со тие пари, рече Муча на што Арсовска му одговори дека и гостите што ќе дојдат во салата исто така имаат деца.

Таа го повика Муча да потпише дека ќе преземе одговорност во случај на несреќа, на што тој одговори кратко:

„Јас сум се потпишал на доволен број документи“, рече тој.

По новинарско прашање околу тоа дали е можно да падне, Муча се изнасмеа и истакна кратко: „Вие верувате во тоа? Не, нема да падне“.

Back to top button
Close