(ВИДЕО) Арсовска го пријави Славески во полиција

радоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје повик полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата во пленарната сала на Советот на Градот, пишува „СДК.мк“.

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.

Славески на денешната седница го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во пленарната сала на Советот доколку советниците не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

По ова избувна жестока расправија меѓу Славески и градоначалничката Арсовска, која не штедеше навредливи зборови кон претседателот на Советот на Градот, кого го нарече „Хитлер“, „деспот“, „тиранин“ и „крадец“.

„Г. Хитлер не ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Навистина е недолично тоа што го правите. Прво го кршите Уставот потоа сте ситен лопов и сте човек којшто краде и не е во ред тоа што го правите. Крадете. Тој микрофон е сопственост на Град Скопје и на службите – му се обрати Арсовска на Славески.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески пред почетокот на денешната седница и утврдувањето на дневниот ред, јавно го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира откако градоначалничката на Скопје му го одзеде копчето за вклучување и исклучување на микрофините на советничката говорница.

Back to top button
Close