(Видео) Авион кружел со часови, па слетал „на стомак“: Се лизгал цели 500 метри па застанал

Авион со часови кружел околу аеродромот во Њукасл во Австралија пред итно да слета „на стомак“, со кренати тркала нагоре и со исклучени мотори, како што пренесува Си-ен-ен „како од учебник“.

На снимката се гледа како авионот се приближува кон пистата без распоредена опрема за слетување и застана по лизгањето. Според „7News Australia“, тој се лизнал околу 500 метри пред конечно да застане. Амбулантни возила беа на готовност, забележани се како трчаат да им помогнат на патниците во авионот.

Началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Вејн Хемфри, го пофали 53-годишниот пилот за успешното слетување, велејќи дека никој не е повреден.

– Тоа беше одличен резултат, пилотот го направи тоа навистина добро. Го слушав во етерот, ми звучеше многу смирено – рече тој.

Како шт пренесе Си-ен-ен, авионот неколку часа кружел околу аеродромот за да го согори горивото. Оние во контролната соба на земјата, кои управуваа со авионот, аплаудираа кога видоа како безбедно слета, додаде Хемфри.

Приватниот авион требаше да изведе лет од 26 минути од Њукасл до Порт Маквари, околу 400 километри северно од Сиднеј

Back to top button
Close