(ВИДЕО) Авион на полетување удри во јато птици и се запали

Авион на „Американ ерлајнс“ полн со патници бил принуден да слета откако удрил во јато птици.

На снимката направена од внатрешноста на кабината се гледа како пламенот излегува од десниот мотор веднаш откако го напуштиле аеродромот „Џон Глен“ во Колумбус, Охајо.

Очевидци велат дека авионот удрил во јато птици за време на полетувањето, при што се верува дека најмалку една птица се заглавила во моторот.

„Имаме мала ситуација“ рекле од екипажот на авионот, а една од патничките раскажала: „Во тој момент, сите се испаничија и почнаа да се молат, а знаете, луѓето се држеа за раце“.

Back to top button
Close