ВИДЕО: Австралискиот нарко-бос од Струга, со шифрирани пораки трошел и заработувал милиони долари од дрога

Бегство од над 12 и пол илјади километри беше успешно до минатиот четврток и траеше 15 месеци. На крај заврши со раце во лисици и потпрен до бел ѕид додека го апсеа специјалците на МВР, пренесе Телма.

Зад сивата блуза која ја носеше и неколкудневната брада која му го покриваше лицето се криеше како што го нарекуваа Австралијците, kingpin (главен шеф) на меѓународна криминална група која се занимавала со препродажба на големи количини дрога.

Илија Рафтоски беше уапсен во Струга за дела извршени во Перт, Западна Австралија. Во акцијата учествувале и австралиски инспектори кои пристигнаа во Македонија, а секако „зачин“ додаде и американската агенција за борба против наркотици DEA.

Претходно ланската година имаше апсења во Австралија. Тогаш полицијата на западна Австралија заплени 7 милиони долари во кеш, 28 килограми хероин, 3 кг метиламфетамин (Ice или „мраз“), 6 парчиња оружје и над 3 илјади парчиња муниција. Австралискиот круг според австралиските медиуми го создал и водел Рафтоски, со потекло од Струга

Повеќе

Back to top button
Close