(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург – загинаа 7 луѓе


Автобус падна во река во Санкт Петербург, загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми.

На видео снимка прикажана на социјалните мрежи се гледа автобусот како губи контрола на патот и завршува во реката.

Според првичните информации, 6 лица се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува 7.

Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување.

Back to top button
Close