(ВИДЕО)Cе појави потресно видео сведоштво на младиот Јован: Страшни глетки, девојка која си го проголтала јазикот, пискотници…


Кобната вечер и траумите низ призмата на Јован Костадинов. Јован е средношколец од Виница кој иако бил надвор кога почнал пожарот, на неколку начини помагал на повредените. Прво влегува да помага на луѓето во дискотеката, а подоцна давал и помош на повредените. Му благодариме од срце за неговата хуманост и пожртвуваност.\\

Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува.

– Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три минути. После јас го зедов цревото, се измокрив, а тие останаа уште да ги прскаат. Јас отидов на главниот влез, ама таму беа многу заглавени и немаше можност да влезеш, го започнува Јован своето траорно сведоштво.

– Влегов во таа соба, таму имаше четири или пет луѓе, вратата беше заглавена од луѓето што беа натрупани, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме ден по еден, тие што беа најгоре сите врескаа, беа изгорени, имаше и онесвестени. Уште тогаш на почетокот и додека имаше свесни луѓе и додека беа сите идеше побрзо, тие што ги вадиш сами излегуваа надвор пред диското, ама потоа почнаа да се извлекуваат само онесвестени, почнаа само изгорени целите и едноставно ти мора да го изнесеш до пред надвор до пред диското на безбедно, вели Јован.

Во собата имало исто така многу чад и така се повторувало тоа повеќе.

– Изнесуваш некој до пред вратата, од таму друг го зема, и така после тоа почна да ми се врти и почна да ми се повраќа од тоа се што ги видов, од тоа што плачеа , што пискаа и беа целите изгорени и после тоа почна да ми се врти, дами се повраќа и јас излегов надвор и кога излегов надвор тогаш земав воздух, ми олесна и тогаш паднав на колена и многу ми се слоши кога за среќа имаше некој до мене, ме измија со вода, вели Јован.

– Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола. Ми беше многу лошо, очите ме печеја и ми се вртеше свест. Ме качија во една кола, во колата имаше уште двајца со мене, свесни, зигорени, јас им ги држев главите право, да не си го голтнат јазикот. Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос, вели Јован.

Back to top button
Close