Видео: Данела преку секретарот ја повика полицијата да ги расчисти улиците. За јавноста е недостапна
Градоначалничката Данела Арсовска веќе трет ден ја нема да се појави пред новинарите и пред јавноста, иако Град Скопје е целосно блокиран. На денешната прес-конференција, наместо неа, се појави генералниот секретар Зоран Глигоров кој повика МВР да реагира и да ги ослободи улиците.
Заради заштита на јавниот интерес, го повикуваме МВР да реагира согласно законските овластувања, да преземе мерки, бидејќи одреден приватен личен интерес им врши штета на Градот, на граѓаните, како и на сите чинители и жители – рече генералниот секретар Глигоров.
Арсовска за време на блокадите се огласи само преку фејсбук но за да им постави прашања на Мицковски и Битичи. Прозивките и протестите предводени од нејзиниот до скоро близок пријател Ленин,директор на Слобода превоз кое е дел од протестите, Арсовска ги игнорира. Попладнево Ленин Јовановски соопшти дека се повлекува од предводник на протестите оти тие во јавноста добивале политички предзнак.