Видео: Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот Парламент

Десетици илјади граѓани на повик на дел од опозицијата вечерва излегоа на протест на улиците на Белград под слоганот „Србија против насилството“.
Причина за протестот е незадоволството од реакцијата на властите по двете масовни убиства на почетокот на мај во кои беа убиени 18 лица.
Станува збор за трет протест што се одржува на повика на дел од опозицијата. Претходните два се одржаа на 8 и на 12 мај.
Вечерашниот протест почна пред српскиот Парламент, од каде демонстрантите се упатија кон најпрометниот мост во Белград – Газела.

Протестната поворка, како што пренесува Н1 стигна до Газела, но пред Парламентот сè уште има насобрани луѓе, кои не можат да се приклучат на протесниот марш, поради големиот број луѓе присутни на протестот.
Како што јавува телевизијата, според проценката на нејзините репортери, пред Парламнетот имало повеќе луѓе отколку на претходните протести. Луѓето беа распослани од црквата Свети Марко, сè до Теразије.
Насобраните граѓните пред српскиот парламент скандираа „Вучиќ оставка“ и „Вучиќ оди си“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Радомир Лазовиќ, претставник на движењето „Да не го давиме Белград“ за новинарите изјави дека учесниците во вечерашниот марш ќе го преминат мостот Газела, а потоа ќе направат круг преку Бранковиот мост.
Јелена Михаиловиќ, една од мајките од Пеќине, во својот говор на почетокот на протестот рече дека граѓаните сакаат да живеат без страв.
„Тука сме затоа што сакаме Србија без насилство“,рече таа.
Меѓу присутните на протестот е и принцот Филип Караѓорѓевиќ. Тој, покрај фотографијата на својот твитер-профил напиша:
„Од народот, за народот“
Из народа, за народ! 🇷🇸 pic.twitter.com/chRYdNAvmC
— Филип Карађорђевић (@PrincFilip1) May 19, 2023
Протестот како и претходните се одвива мирно и без инциденти






