(ВИДЕО) Димни бомби кон Владата во Приштина, протести против договорот од Охрид

Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија димни бомби на владината зграда како знак на незадоволство од склучениот договор во Охрид, меѓу премиерот, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Договорот, меѓу другото, предвидува Косово конечно да ги спроведе обврски кон срспските општини и да им овозможи самоуправување.

Демонстрантите бараат оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.

Back to top button
Close