(ВИДЕО) Екипата на ТВ Телма и новинарот Павле Беловски спречени да известуваат од Судскиот совет во кој се дојдени „контролори“ од Брисел

Новинарот на Телевизија Телма Павле Беловски беше спречен да известува од седницата на Судски совет, откако лица од обезбедувањето се обиделе да го прекинат неговото јавување во живо во попладневните вести.

Инцидентот се случува пред затворената врата на Судскиот совет, во близина на салата во која се одвива средбата на членовите на Судскиот совет со оценувачката мисија од Европската Унија.

 

Поради постојаното дофрлување од вработени во обезбедувањето на Судскиот совет, новинарот Беловски не можеше да се вклучи во вестите и да ги пренесе до јавноста најновите информации за тоа што се зборува на средбата.

 

Како што јавува ТВ Телма, откако директното вклучување е прекинато, од нивниот новинар и снимател кои ја следеа седницата, било побарано да се легитимираат, иако тоа веќе го сториле пред да влезат во објектот, приложувајќи личен документ.

Од Телма потенцираат дека „новинарските организации со години укажуваат на овој проблем и на неколку средби со надлежното министерство било соопштено дека е недозволиво службеници на МВР да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за што е потпишан и меморандум за соработка.

Дополнително, според ТВ Телма, работата на новинарите единствено може да се подигне на повисоко ниво на транспарентност, на седниците на правосудните тела да се овозможи јавно емитување на седниците на советите.

 

Back to top button
Close