(ВИДЕО) Експлодира муниција во база во Камбоџа, загинаа 20 лица

Муниција експлодираше во воена база во Камбоџа, а во инцидентот загинаа 20 војници, додека неколку други се ранети. Сѐ уште не е позната причината за страшната експлозија

Во експлозија на муниција во база во југозападна Камбоџа загинаа 20, а беа ранети неколку војници, објави премиерот Хун Манет, пренесе дневник.хр.

Во објава на Фејсбук, Манет напиша дека бил длабоко шокиран кога вчера попладнето ја добил веста за експлозијата во базата во провинцијата Кампонг Спеу. Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата.

Сликите од местото на настанот покажуваат неколку тешко оштетени згради кои сè уште тлеат, а војниците се лекуваат во болница. Други фотографии покажаат куќи со дупки на покривите, објави Асошиејтед прес.

Уништени се четири згради, три за складирање и една за работа, а оштетени се и неколку воени возила, изјави полковникот Јунг Сохон. Тој додаде дека оштетени се и 25 локални куќи. Меѓу повредените има и деца.

 

Камбоџа, како и многу други земји во југоисточна Азија, страда од продолжен топлотен бран, а провинцијата каде што се случи експлозијата забележа максимална температура од 39 степени целзиусови. Иако високите температури обично не можат да активираат муниција, тие можат да ја намалат стабилноста на експлозивот во одреден временски период, со ризик дека една мала експлозија може да предизвика пожар и верижна реакција.

Кирипост, онлајн сервис за вести на англиски јазик, цитираше локален жител кој вели дека се случила голема експлозија околу 14 часот и 30 минути, проследена со помали експлозии кои продолжиле уште еден час.

Еден локален жител кој живее во близина на воената база Пенг Кимнеанг изјави дека прозорците на блиската фабрика биле скршени, а куќите оддалечени од еден километар претрпеле помали оштетувања

Back to top button
Close