(ВИДЕО) Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може.

Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени.

Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите.

Воопшто не е случаен овој молк. Молкот е доказ.

Дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат.

Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот.

До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски?

Инвеститорот е фирмата „Нар инвестмент” зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ.

Близок до Орце Ѓоржиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник.

Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија?

Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ.

Ако се пголеднат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари.

Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината?

Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите.

Оваа криминална спрега е опасност за секој граѓанин.

Бараме:

Итна, независна и темелна истрага за целиот случај.

Проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба?

Утврдување на точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Одговорност мора да има.

Back to top button
Close