(ВИДЕО) Гневни Французи се на улица поради Макрон, го запалија влезот во банката


Демонстрантите ширум Франција денеска ги блокираа железничките пруги и автопатиштата и се судрија со полицијата во неколку градови во знак на протест против претседателот Емануел Макрон и неговите непопуларни пензиски реформи.

Еден демонстрант во Париз го сумираше расположението на јавноста со транспарент на кој пишуваше „Франција е лута“.
„Пензиските реформи се катализатор на гневот против политиките на Макрон“, рече 31-годишната Фани Шариер на истиот митинг.

Владата денеска го отфрли новото барање на синдикатите за суспензија и ревизија на пензиската реформа, со која работниот век ќе се продолжи за две години, на 64 години, што ги налути синдикалните лидери кои нагласуваат дека владата мора да најде излез од криза. Владата соопшти дека е подготвена да разговара со синдикатите, но за други теми, и повторува дека останува цврста на пензиските реформи.

„Ние предложивме решение… и не може да се толерира повторно да сме одбиени“, изјави пред новинарите на почетокот на протестот во Париз шефот на синдикатот CFDT, Лоран Бергер.

Макрон тврди дека се потребни реформи за да се балансираат државните финансии. Синдикатите и опозицијата сметаат дека има и други решенија.

Милиони луѓе протестираат и штрајкуваат од средината на јануари против таа реформа. Но, фрустрацијата на јавноста се претвори во поширок протест против Макрон.

Протестите се интензивираа откако владата со декрет ја наметна пензиската реформа, заобиколувајќи го парламентот. Во четвртокот, последниот ден од големите протести, анархистите од групата „Црн блок“ кршеа излози, автобуски постојки и уништија ресторан на Мекдоналдс во Париз, а слично насилство имаше и во другите градови.

Ова е едно од најлошите улични насилство во земјата во последниве години, што потсетува на протестите на „жолтите елеци“ во првиот мандат на Макрон.

Денеска изутрината мирно почнаа протестите во повеќе градови, но подоцна дојде до судири.

Во западниот град Нант, опожарен е влезот на филијалата на банката БНП Парнибас. Запален е и автомобил, а некои луѓе фрлале и огномет кон полицијата.

Ова е едно од најлошите улични насилство во земјата во последниве години, што потсетува на протестите на „жолтите елеци“ во првиот мандат на Макрон.

Денеска изутрината мирно почнаа протестите во повеќе градови, но подоцна дојде до судири.

Во западниот град Нант, опожарен е влезот на филијалата на банката БНП Парнибас. Запален е и автомобил, а некои луѓе фрлале и огномет кон полицијата.

Не сум насилен, но ги разбирам луѓето кои одат толку далеку“, вели Ноел Касин, 69-годишен пензиониран поштар од Нант.

„Ако само одите и протестирате, пеете и јадете колбаси, а потоа се вратите дома откако ќе пропуштите еден ден работа (без да постигнете никакви резултати), тоа е залудно“, рече тој.

Демонстрантите во Рен на западот на земјата блокираа обиколница и запалија напуштен автомобил. Според плановите, на протестите ширум земјата требаше да бидат распоредени 13.000 полицајци.

Штрајковите во транспортниот, авиопревозникот и енергетскиот сектор продолжуваат да го отежнуваат патувањето.

Студентскиот синдикат УНЕФ соопшти дека влезовите на 20 универзитети се блокирани, вклучувајќи го Sciences Po и делови од Сорбона во Париз.

Back to top button
Close