(ВИДЕО) Голем пожар во подножјето на руски Урал: Изгореа 178 згради, едно лице загина
Едно лице загинало во село Шосва. Причината за пожарот се уште не е позната. Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото гаснење
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.
🔥 Russia is on fire again.
The fire began on the territory of a furniture factory in the village of Balyaga, Zabaykalsky Krai, and then the fire spread to residential buildings. At present, the fire area has grown to 12 thousand square meters, according to russian media. pic.twitter.com/SiaHYkSutY
— ✙ Albina Fella ✙ 🇺🇦🇬🇧🇫🇷🇩🇪🇵🇱🇺🇸🇨🇦🇦🇺 (@albafella1) April 25, 2023
„Пожарот уништи 178 згради, вклучувајќи 134 станбени згради и 32 нестанбени згради“,соопшти Министерството на Телеграм.
Пожарот се проширил кон селата Шосва и Тајежни и проголтал вкупно повеќе од 11 000 квадратни метри.
Едно лице загинало во село Шосва. Причината за пожарот се уште не е позната. Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото гаснењe.