(ВИДЕО) Големи нереди на улиците на Брисел откако Мароко ја победи Белгија на светско


На улиците во главниот град на Белгија, Брисел, дојде до судири по фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и на Мароко на светското првенство што се одржува во Катар.

Како што објави Јутарњи лист, по завршувањето на натпреварот се судриле навивачи на мароканската фудбалска репрезентација и локалната полиција.

Во натпреварот од второто коло од групата Ф, Мароко ја победи Белгија со 2-0, а стотина навивачи во марокански дресови и други обележја на оваа африканска земја правеа нереди низ градот по победата на нивната репрезентација.

По извесно време интервенирала тамошната полиција при што дошло до судир меѓу двете страни. Засега нема информации дали има повредени или уапсени при нередите.

Back to top button
Close