(ВИДЕО) Големо невреме утрово го зафати Белград: Сообраќајот во прекин, течат реки по улиците
Колку беше силно невремето најдобро сведочат видеата на репортерските екипи, но и видеата на граѓаните кои беа објавени на социјалните мрежи. Сцените беа апокалиптични, а пороите носеа се пред себе.
Сообраќајот е блокиран во поголем дел од градот.
– Пожарникарите од синоќа до утрово имале 28 интервенции на територијата на Белград, соопшти денеска шефот на Управата за противпожарни и спасувачки единици, Милош Миленковиќ.
Тој додаде дека на терен се 93 пожарникари со 33 возила.
Најголем дел од интервенциите се однесуваат на отстранување на дрвја (15 интервенции), а во шест случаи пожарникарите гаснеле пожари предизвикани од удари на гром.
„На територијата на Земун имавме два пожари предизвикани од гром во семејни куќи, нема повредени. Причинета е материјална штета, но поради навремена реакција пожарите брзо беа локализирани“, изјави Миленковиќ за РТС.
Според него, во Чукарица гром удрил во трафостаницата, но со брза интервенција се стабилизирало снабдувањето со електрична енергија.