(ВИДЕО) Хаос на концерт во САД: Загинаа две жени, а осум се повредени


Две лица загинаа, а осум се повредени во стампедо по концертот на раперот ГлоРила во Рочестер, Њујорк. Властите велат дека гужвата најверојатно започнала кога посетителите помислиле дека слушнале истрели.

„Сепак, немаше докази кои потврдуваат дека имало пукање“, изјави полицаецот Николас Адамс за ABC News.

Полицијата соопшти дека стампедото се случило во неделата вечерта, набргу по завршувањето на концертот во салата Армори. Толпата започна кога луѓето почнаа да брзаат кон излезот. Има информации дека се слушнале истрели кои предизвикале паника меѓу толпата, но тоа не е потврдено“, изјавил началникот на локалната полиција Дејвид М Смит, а пренесува Би-би-си.

Полицијата во салата затекнала три тешко повредени жени. Рондезија Белтон (33) починала набргу по инцидентот во болница. Властите вчера вечерта соопштија дека од повредите починала уште една жена, но не го соопштија нејзиното име. Уште една жена е во критична состојба со тешки телесни повреди, а седуммина се згрижени со повреди кои не се опасни по живот.

Back to top button
Close