Видео: Хаос во Тирана: Се судрија демонстрантите и полицијата, летаат факели и молотови

Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.

 

Насобраните бараат разрешување на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај и го обвинуваат за корупција.

 

Ова е втор протест организиран пред општинската зграда во последните неколку дена, а кој уследи по апсењето на повеќе директори и поранешни директори на градски фирми осомничени за корупција, перење пари и кршење на еднаквоста на тендерите.

Опозицијата тврди дека Вељијај е вмешан во коруптивни дела кои ги истражува Специјалното обвинителство.

Вељијај, пак, изјави дека „не се чувствува добро“ поради апсењето на неговите соработници, но нагласи дека обвиненијата мора да се докажат на суд.

Тој додаде дека не го прекршил законот.

Back to top button
Close