(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР исфрлил над 39 тони вода, пожарот на планината Серта сѐ уште е активен

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека полицискиот хеликоптер дејствувал на пожарот меѓу штипските села Драгоево и Селце.

Оттаму додаваат дека пожарот е сѐ уште активен и се продолжува со активности за негово гаснење.

 

Пожарот на планината Серта во делот над селата Драгоево и Селце на територија на Општина Штип, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, е еден од најсериозните што ниту вчерашниот дожд не успеал да го изгасне.

Ангелов вели дека денеска, до 14 часот, активни се вкупно осум пожари на отворено низ цела Македонија.

Back to top button
Close