Видео: Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.

-По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото, при што со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чии насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно  постапување, стои во соопштението од МВР. 

 

Back to top button
Close