(Видео) Инциденти во албанското собрание: Пратеници се судрија со обезбедувањето па преку прозор влегоа во парламентот

Откако на опозициски пратеници не им било дозволено да влезат во Собранието, тие влегле во салата низ прозорцес.

Прво се судриле со обезбедувањето, па се качиле преку прозорците и влегле внатре по што настанал хаос во парламентот.

Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците за тие да можат да влезат во Собранието.

Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот беа исклучени од работата на собранието на 10 дена.

Единствени кои не успеале да влезат во Собранието се Газменд Барди и Албана Вокши. Нив чуварите ги спречиле да влезат низ прозорците.

 

Back to top button
Close