(ВИДЕО) Иран објави видео од вештачката интелигенција на кое Исус го удира Трамп

Во јавниот дигитален простор се појави нова ескалација на политичка сатира, откако амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое Исус го удира американскиот претседател Доналд Трамп.

Видеото претставува реакција на претходна објава на Трамп на неговата мрежа Truth Social, на која тој се прикажал во улога на Исус како лекува болен човек. Објавата подоцна била отстранета по критики, а Трамп изјавил дека „мислел дека изгледа како лекар“.

Во иранската верзија, генерирана со вештачка интелигенција, сцената добива сатиричен и провокативен тон, при што Исус симболично се појавува и го удира Трамп, по што видеото брзо станало вирално на социјалните мрежи.

Настанот уште еднаш ја покажува растечката улога на дигиталната пропаганда и вештачката интелигенција во современите политички конфликти, каде што симболиката и визуелните пораки сè почесто се користат како алатка за влијание врз јавното мислење.

Back to top button
Close