(ВИДЕО) Историска снежна бура ја зафати државата Њујорк, затрупани автомобили и откажани летови
Денеска западниот дел на државата Њујорк го зафати историска снежна бура со над 6 метри снег на некои места. Тоа предизвика затворање на патиштата, активирајќи забрани за возење и откажување летови во викендот пред Денот на благодарноста.
Orchard Park, home of the @BuffaloBills, has seen 66 inches of snow in the last 24 hours!
This is the highest 24-hour snow total ever recorded in New York state.
📸: @BuffaloBills pic.twitter.com/0TA75yr8M9
— Colin McCarthy (@US_Stormwatch) November 19, 2022
Во снежното невреме пријавени се најмалку два смртни случаи.
Невремето, кое дуваше од езерата Ири и Онтарио, наврна до 1,5 метар или повеќе снег, а властите рекоа дека „се чини дека смртните случаи се последица на срцев удар поради прекумерен напор додека го чистеле снегот во тешко погодениот округ Ири“.
Lake-effect Blizzard turns Hamburg into a White Desert
VC: New City #SnowStorm #Blizzard #Snow #Hamburg #Buffallo #NewYork #NYwx #LakeEffect #Thundersnow #Ontario #Viral #Weather #Climate #BuffaloStorm pic.twitter.com/DP1rSJHGnj
— Earth42morrow (@Earth42morrow) November 19, 2022
Според Националната метеоролошка служба, невремето кое покри некои области со неколку метри снег, се очекува да трае до недела.
Зимските временски предупредувања се во сила за над 6 милиони луѓе низ шест држави Висконсин, Мичиген, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.
Синоптичарите и официјалните лица алармираат дека оваа снежна бура е историска дури и за регионот Бафало, каде обилниот снег е нормален во зимските месеци.
„Патувањето ќе биде исклучително тешко, ако не и речиси невозможно. Видливоста на моменти ќе биде блиску до нула со длабока снежна покривка на коловозите“ предупреди локалната метеоролошка служба.
Десетици летови во и надвор од меѓународниот аеродром Бафало Нијагара се откажани поради влошување на условите на невремето.
На патиштата има возила кои се затрупани во снег. Дури и некои машини за чистење снег се заглавуваат во областите кои се најпогодени од невремето.
Како што се намалија температурите, првата голема снежна бура во регионот почна во четвртокот и се засили во текот на ноќта во петокот и тоа многу пред почетокот на зимата на 21 декември






