ВИДЕО: Изборен мониторинг – Прва прес конференција на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги набљудува денешните претседателски избори, и ќе одржи четири прес конференции на кои ќе објавува наоди од изборниот мониторинг од изборниот процес на претседателските избори низ целата земја. Прес конференциите на ЦИВИЛ ќе се одржат на македонски и албански јазик.

Во продолжение се распоредите на обраќања до јавноста, односно прес конференциите на изборниот ден, на ЦИВИЛ – Центар за Слобода, и Државната изборна Комисија.

Распоредот на одржување на прес конференциите на ЦИВИЛ е следен:

  • 10:30 часот – Прес конференција со препораки од организацијата
  • 14:30 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
  • 17:00 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 16 часот
  • 21:00 часот – Прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а ќе има и вонредни обраќања, доколку има итни информации од теренот.

Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учествона претставници од медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.

Back to top button
Close