(ВИДЕО) Како „Би-би-си“ ја објави веста за кралицата Елизабета Втора: Ја прекина програмата, а новинар се вклучи во живо
Би-Би-Си сподели видео од нивната програма во која е прикажан моментот кога официјално беше објавено дека нејзиното височество кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст.

„Би-Би-Си ја прекинува својата редовна програма за да ви донесе важна објава”, се слушаше на самиот почеток на клипот.
„Бакингемската палата ја објави смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора”, изјави водителот на Би-Би-Си Хју Едвардс.
„Во соопштението, палатата соопшти дека кралицата умрела мирно во замокот Балморал попладнево. Кралот и кралицата ќе останат вечерва во замокот Балморал и ќе се вратат во Лондон наутро”, додаде тој.
Потоа се пушташе химната на Велика Британија.
Објавата за смртта ја заврши велејќи: „Телевизијата Би-Би-Си емитува специјална програма во која известува за смртта на нејзиното височество”.
Интересно е што Би-Би-Си околу пладне престана да ја емитува редовната програма и што споменатиот водител носел црн костум и вратоврска штом објавиле дека лекарите се загрижени за нејзината здравствена состојба.






