(ВИДЕО) Калеска: Како плафонот да ми се сруши кога Милошоски кажа дека пратеник силувал жена

Пратеничките Снежана Калеска Ванчева од СДСМ и Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ во „Клик Плус“ на ТВ21 разговараа и за моментот кога пратеникот Антонио Милошоски на говорница посочи дека некој од пратениците бил осомничен за сексуално злосторство.

Калеска Ванчева истакна дека во тој момент како плафонот, стаклената купола да и се срушила.

„Ако е тоа вистина, тоа е страшно, да имаме некој во пратеничка група. Кога ние се кандидираме за пратеник тогаш имаме досие дали сме осудувани, дали се водела постапка против нас. Стандардна процедура без која не можете да помислите да ви ја потврдат кандидатурата во ДИК. Извинете ама тоа не е прекршок што застарува за година дена“, вели Калеска Ванчева.

Василевска на ова истакна дека тоа е добар сигнал зошто не може некој што силувал жена да биде пратеник или на јавна функција.

„Имаме многу такви насилници, имало и претходно, има и сега. Токму затоа таа тема е многу значајна. Насилникот нема вера, нема етничка припадност, партиска припадност“, порача Василевска.

Back to top button
Close