Видео) Камерите го уловија: Пикси нервозно ги пцуеше албанските играчи во швајцарскиот тим
Драган Стојковиќ најави дека ќе остане селектор на Србија и ќе се подготвува за квалификациите на Европското првенство кои започнуваат во месец март наредната година, иако неговиот тим не ги оправда огромните очекувања со кои замина за Катар.
Орлите“ не импресионираа и на претходните два меча против Бразил и Камерун и поради тоа веќе го чекираа својот повратен билет за Белград, но сепак влегоа со огромна доза на амбиции и одмазда во дуелот со Швајцарија, кој и покрај тоа не го добија.
Швајцарските репрезентативци подобро се снајдоа во услови на многу борба, провокации, вулгарни гестови и пцовки на теренот, а покрај Гранит Џака кој го покажуваше меѓуножјето, медиумите ја уловија и реакцијата на Пикси по вториот гол на Србија.
Српскиот селектор воопшто не се штедел по голот на Влаховиќ, односно нервозно ги пцуел двајцата албански стартери во тимот на Швајцарија (Шаќири и Џака).
– Да ви е.ам мајката шиптарска во п…а, – се чита од усните на Пикси.