(Видео) Канје Вест ја фрли Греми наградата во тоалетна школка и уринираше врз неа
Вест дури ги објави сите страници од неговиот договор во целост на оваа социјална мрежа и ги повика и другите музичари да го сторат истото.
Вест тогаш напиша:
„Компанијата не сака да каже колку вредат ’господарите’, бидејќи тие знаат дека можам да ги купам сите“.
Откако сподели 10 страници од неговиот договор, Канје објави и видео во кое уринира врз една од неговите 21 Греми награда.
Во друг твит, Канје го откри личниот телефонски број на уредникот на списанието „Форбс“, Рандал Лејн.
„Ако сакате да повикате бел супрематист, јавете му се на Рандал“, рече Канје, оставајќи им го телефонскиот број на уредникот на милиони следбеници.
„Твитер“ има строга политика против објавување на лични податоци, адреси и телефонски броеви на други луѓе на платформата, и тие ја блокираа сметката на раперот на 12 часа.
Trust me … I WONT STOP pic.twitter.com/RmVkqrSa4F
— ye (@kanyewest) September 16, 2020